Инфо сесија за отворениот јавен повик за поднесување на предлог проекти

Почитувани,

Општина Прилеп во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, Ве
покануваат на Инфо сесија за отворениот јавен повик за поднесување на
предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата
на Република Македонија.

Инфо сесијата ќе се одржи на 17.05.2018 година (четврток) со почеток од
10:30 часот во просториите на Општина Прилеп – Собраниска сала на ул.
Прилепски бранители бр.1 – Прилеп. Официјалната покана и агенда е во прилог
на оваа порака.

На Инфо сесијата ќе бидат презентирани мерките од Фондот за иновации и
технолошки развој, објавени на 28.04.2018 година во рамки на Јавниот повик
за следниве инструменти за поддршка:

1. Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција
на брз пораст („Газели“) – финансирање до 30% од вкупниот буџет на
инвестициски проект, но не повеќе од 10.000.000,00 денари (десет милиони
денари)

2. Кофинансирани грантови за микро претпријатија – финансирање до 30%
вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 5.000.000,00 денари
(пет милиони денари)

3. Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста –
финансирање до 70% од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од
20.000.000,00 денари (дваесет милиони денари)

4. Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за
нововработени млади лица – финансирање до 30% од вкупниот буџет на
инвестициски проект, но не повеќе од 1.000.000,00 денари (еден милион
денари).

За таа цел Ве покануваме и Вас да земете активно учество на Инфо сесијата, со
цел заеднички да придонесеме кон можностите за развој на бизнис секторот од
Општина Прилеп.

Превземи Покана