Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на своите сограѓани и на сите православни верници им го честиташе празникот Богојавление-Водици.

„Почитувани граѓани, денес е голем празник. По тој повод сакам на Македонската православна црква, на нашата епархија и на сите православни христијани, да им го честитам Богојавление-Водици, да им посакам добро здравје, среќа, радост и подобар живот во иднина. Исто така, на Александар Велјаноски, кој го фати крстот, му честитам и му посакувам сѐ најдобро“, рече градоначалникот Јованоски.

Меѓу рекордниот број од 100 верници кои скокнаа во водите на базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“, најмногу среќа и умешност прв да доплива до крстот, имаше 29 годишниот Александар Велјаноски. На Велјаноски ова му беше трет пат како на овој празник го фаќа крстот.