ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Општина Прилеп како дел од  проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општините, во рамките на предвидените форумски сесии,  на 11.04.2023 година (вторник) со почеток од 13:00 часот, во Хотел „Салида“ Прилеп, ќе ја одржи третата форумска сесија од Форумот на заедницата, кој е алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво

На третата форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за предлог проектите за приоритетните проблеми кои беа разгледувани на претходните форумски сесии, а поврзани со избраната област. Активно учество на заедницата ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на форумскиот процес.

Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои ја засегаат општината и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, што ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.

Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.