Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Со подигнување на ромското знаме на јарболот пред зградата на локалната самоуправа и со интонирање на ромската химна, Прилеп го започнва одблежувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8 април.


„Ромската заедница за нас претставува нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно и мултирелигиско општество во кое секојдневно се залагаме за надминување на стереотипите и бариерите со кои што се соочуваме. Како Локална самоуправа имаме план да се насочиме кон подобрување на квалитетот на животот и образованието и инклузија во сите сфери на општеството. Се со цел да обезбедиме подобри услови за развој и интеграција на нашите сограѓани Роми и нивната социјална и економска состојба. За таа цел соработуваме и со голем број домашни и странски организации и донатори, а морам да истакнам дека континуирано имаме наши локални проекти како во делот на патната инфраструктура, така и во однос на водоводот и канализацијата, уличното осветлување и многу други тековни работи кои што навистина се неопходни за живот.“ посочи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, честитјаќи им го денот на своите сограѓани, Роми.

По повод Меѓунаородниот ден на Ромте, во градската библиотека “Борка Талески“ беше организирана продажна изложба на ликовни дела насловена „Ромска традиција и симболи“ изрботени од ученици, наставници и родителите која имаше хуманитарен карактер, додека вечерва ќе се одржи турнир во фудбал во ООУ „Добре Јованоски“ во организација на ФК Пролетер.