Во Прилеп одбележан – Светскиот ден на прегратката

„21 јануари“ е Светскиот ден на прегратката. По тој повод, денеска во просториите на градската библиотека „Борка Талески“, децата од градинката „Бончејца“ со песна и игра и со многу прегратки го посетија детското катче.

Директорот на градинките „Наша Иднина“,  Орце Тодороски се заблагодари на поканата и можноста дечињата да ја посетат градската библиотека и одблиску да се запознаат со богатството од литература наменета за нивна возраст.

„По повод одбележување на Светскиот ден на прегратката, денеска децата од нашите градинки ја посетија библиотеката, го посетија детското оделение и се запознаа со книгите и сликовниците. Реконструираното одделение во градската библиотека има формирано два помали оддела, едниот е за помалите, а другиот за поголемите дечиња. Условите се идеални за читање, учење, дружење на децата, поточно за нивна соодветна социјализација и посветеност кон книгите“, изјави Петар Петрески, директор на градската библиотека.

Инаку, дваесет и први јануари е прогласен за Светски ден на прегратката во 1986 година во Америка, со цел да се поттикнат луѓето да ги манифестираат отворено своите емоции во јавноста.

Видете и...

„Вечер посветена на херојот“, сеќавање на животниот пат и револуционерното дело на Кире Гаврилоски-Јане

Во чест на 100 годишнината од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане, во градската библиотека …