Прилеп се подготвува за „Прочка 2018“

Општина Прилеп, како организатор на меѓународниот карневал „Прочка 2018“, кој  што годинава го има своето 17 издание, ги прави последните подготовки за одржувањето на оваа значајна манифестација.

Имено Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи на 17 февруари, на кој што очекуваме да земат учество основните училишта од Прилеп со свои групни маски проследени со соодветна кореографија и музика, додека меѓународната поворка за возрасни ќе се одржи на 18. февруари, каде се планира и учеството на групите од средните училишта.

Значаен дел претставува изложбата на маски, која ќе се постави во НУЦК „Марко Цепенков“ неколку дена пред карневалот, а ќе се отвори на 16. февруари од страна на градоначалникот Илија Јованоски на Општина Прилеп. На оваа изложба учествуваат сите училишта – основни и средни со свои креации претходно селектирани од наставниците по ликовна уметност.

Очекуваме над 1000 учесници и гости од повеќе држави, пријавувањето е сеуште во тек, а досега пријавени се следните групи од Македонија и од соседните држави: Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква,Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш и др.

Ве покануваме  и вие да сте дел од меѓународниот карневал „Прочка 2018“.

Видете и...

„Вечер посветена на херојот“, сеќавање на животниот пат и револуционерното дело на Кире Гаврилоски-Јане

Во чест на 100 годишнината од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане, во градската библиотека …