Граѓански активности по повод Меѓународниот ден на солидарност за пациентите

Утре, за прв пат во Македонија, здружението ”Сочувај- лекувај, асоцијација на пациенти со болести на црниот дроб“ (СЛАП) од Прилеп во соработка со Меѓународната алијанса на организации на пациенти (ИАПО) ќе го одбележат Меѓународниот ден на солидарност.

Оваа година кампањата се одвива под мотото: „Глобално јакнење на пациентите -моќ преку знаење“. Крајната цел е пациентите да станат свесни за своите права и за одговорностите за зачувување на своето здравје.

Во рамките на одбележувањата ќе се делат флаери од 11 – 14 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, во ЈЗУ „Здравствен Дом“ во Прилеп и во градска болница „Борка Талески“. Според најавите во прватната здравствена уставона „Д-р Зероски“ на оваа тема ќе говорат претседателката на здружението „СЛАП“, Билјана Миречска и д-р Македонска Зероска.

Својата поддршка во одбележување на овој ден ја даде и Здружението на лекари по општа медицина и Семејна Медицина.