Започнува „Европската недела на мобилност“ во која се вклучува и Општина Прилеп

Годишната тема на ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2022 „Подобри врски“ има за цел да ги истакне и поттикне синергиите меѓу луѓето и местата, кои ја нудат својата експертиза, креативност и посветеност на подигање на свеста за одржлива мобилност и промовирање промени во однесувањето во корист на активна мобилност, како и воспоставување врски помеѓу постоечките групи и нови приврзаници.
 Да си го доживееме градот во поинакво светло!

По тој повод денес во Општина Прилеп свои изјави дадода градоначалникот Борче Јовчески, директорот на ЈП за ПУП Зоран Јовески, координаторот на проектот од Општина Прилеп Гоце Бојкоски и професорот од СОУ Ристе Ристески Ричко Борче Јошески.
Од 16 – 22-ри септември е ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ  и светскиот Ден без автомобили.

Над 1500 градови во светот, меѓу кои и Прилеп, ќе затворат една, неколку или повеќе улици за автомобилски сообраќај, а ќе ги отворат за активности за граѓаните.
Целта е барем на овој ден децата да може да поиграат слободно и безбедно на улица и сите ние да почнеме да замислуваме поинаква иднина за нашите градови: со повеќе пешачење, возење точак и користење јавен превоз.
Ден без автомобили значи улицата во текот на повеќе часови на денот да биде отворена за различни активности: детски улични игри, возење точаци и тротинети, џогирање, вежбање на отворено, музика и шетање.
Ден без автомобили значи и ден кога вработените ќе одат до своите работни места пешки, со велосипед или користејќи јавен превоз.
Да доживееме како ќе изгледа нашето соседство со повеќе игра, а помалку бучава од автомобили, со повеќе активни луѓе и помалку загадување.
Бидете и вие дел од активностите, приклучете се !