Започна реализацијата на проектот „Обезбедување пристојни услови за живот на ромските домаќинства во Општина Прилеп – СДЛР“

Денеска во просториите на Општина Прилеп се одржа првата работна средба на проектните партнери на проектот „Обезбедување пристојни услови за живот на ромските домаќинства во Општина Прилеп – СДЛР“.
На средбата се разговараше за предлог акцискиот план за првите шест месеци од реализацијата на проектот и се разменија мислења за динамиката на реализација на предвидените активности. Во првата фаза од реализацијата на проектот се планира да се започне со изработка на неопходната урбанистичко-планска документација, поддршка на процесот на легализација на објектите на ромските домаќинства, почеток на активностите во рамки на фондот за итни мерки за подобрување на хигиенските и здравствените услови за живеење на ромската популација, почеток на програмата „Школо после школо“ за поддршка на тековните програми за формално и неформално образование, и други активности за кои наскоро подетално ќе биде запознаена пошироката јавност.
Вредноста на проектот е 893.910,00 ЕУР.
Проектот е дел од ИПА 2 програмата, како дел од Годишната акциска програма за 2019 година за Република Северна Македонија, финансирана од Европската Унија. Програмата е поддржана од Владата на Република Северна Македонија.
Лидер организација на проектот е ЦЕЛИМ – Милано, а Општина Прилеп и Ромски ресурсен центар се ко-апликанти на проектот. НВО Рома Перспектив од Прилеп е асоцијативен партнер на проектот.
Официјален почеток на проектот е 1 февруари 2021 година и истиот е со времетраење од 36 месеци.