Започна ликовната колонија „Дрен 2019“

Денеска започна 11 по ред ликовна колонија „Дрен 2019“, која се реализира во ликовното ателје на ЦК „Марко Цепенков“, а на која учествуваат уметниците од нашиот град и членови на ДЛУП: Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Верче Николоска, Марта Макеска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Методи Исков и Марјан Стојаноски.

Колонијата по едногодишна пауза, се реализира со поддршка на Министерството за култура, а делата коишто ќе бидат создадени ќе бидат дел од наследството на Центарот за култура „Марко Цепенков“, кој поседува завидна колекција на уметнички дела од претходните колонии.

Ликовната колонија „Дрен 2019“ ќе трае до 24.11.2019, недела, а манифестацијата е дел од програмските настани со кои се одбележуваат 40 години од формирањето на ЦК “Марко Цепенков“.