Црковниот хор „Св.Петка“ со хуманитарен концерт

Со музика којашто соодветствува на Велиден, која го негува духот на старата традиција и култура, вечерва во црквата „Света Петка“ се одржа хуманитарниот предвелигденски концерт на хорот „Св.Петка“. Концертот беше посетен, а верниците донираа самостојно, со купување цедиња со православна духовна музика, книги што  ги донираа членовите на хорот и книги од храмот „Света  Петка“. Собраните средства од овој едночасовен концерт ќе бидат наменети за помош на граѓаните што се борат со одредени болести.