Свечена академија по повод патрониот празник на гимназијата „Мирче Ацев“

По повод патрониот празник на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, вечерва
во театарот „Војдан Чернодрински“ се одржа свечена академија. Во својата
порака која им ја упати на средношколците, градоначалникот Илија Јованоски
истакна дека Општина Прилеп и тој како градоначалник, секогаш ќе излегуваат
во пресрет на барањата за реализација на новите идеи и планови на
Гимназијата.

„Младите во НОБ се бореа за вистинска слобода, а јас на младите денес ќе им
посочам, да се борат за нови идеи, знаења и нови предизвици што ги носи
новото време. Гимназијата „Мирче Ацев“ секогаш била расадник на добри
кадри, а така ќе биде и понатаму“, истакна Јованоски.

Во чест на патронот, учениците од Гимназијалците изведоа богата културно-
уметничка програма. Свој настап имаа вокални солисти, гимназискиот хор под
диригенство на професорката Татјана Иваноска, а со пригодни стихови се
претставија повеќемина рецитатори.