Средба на градоначалникот Борче Јовчески со младите прилепски шахисти Доријан и Иринеј

Денеска „Шаховскиот Клуб – Прилеп“  претставувано од претседателот Тони Кироски и секретарот Марјан Дамчески заедно со најмладите шахисти Доријан и Иринеј Трајковски, беа во посета кај градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Близнаците Доријан и Иринеј кои имаат осум години и се ученици во трето одделение во ООУ „Гоце Делчев“ изминатиот месец освоиле прво место во категоријата на шахисти до осум години на Екипното првенство на Македонија за млади 2021, во организација на Шаховската Федерација на Македонија. Од „Шаховскиот Клуб-Прилеп“ истакнаа дека на секој натпревар или првенство на кој што учествуваат со гордост го претставуваат градот Прилеп. Воедно градоначалникот Јовчески им ги честиташе досегашните успеси и им порача дека ќе продолжи да ги посетува и поддржува ваквите спортски настани и активности во иднина.