Децата од ,,Весели Ѕвончиња” ја посетија Општина Прилеп

Децава од детскиот музички фестивал ,,Весели Ѕвончиња” денеска ја посетија Општина Прилеп и остварија средба со градоначалникот Борче Јовчески. Целта на посетата беше да го запознаат градоначалникот со активностите и нивните настапи. Градоначалникот Јовчески ги поздрави присутните и им ги честита престојните празници, а на децата им подари новогодишни колетчиња. Фестивалот ,,Весели Ѕвончиња” постои четири години со епитет детски музички светски бренд.