Предновогодишен турнир во џудо

Во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ во организација на џудо клубот „Сеишин-Прилеп“ на 24ти Декември се одржа предновогодишен  меѓуклубски турнир во џудо.

На спортскиот настан на кој се натпреваруваа околу 70 џудисти присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Натпреварувачите  од трите џудо клубови „Сеишен“,„Санкаку“ и Џудо Клубот „Прилеп-Прилеп“ се натпреваруваа во категориите почетници, помали пионери и пионери, во машка и женска конкуренција.

На турнирот беа доделени дипломи за најдобрите, а на градоначалникот Борче Јовчески му беше доделена посебна Bлагодарница –  „За посебен придонес во развојот и популаризацијата на џудо спортот“.