Градоначалникот Борче Јовчески продолжи со посета на училиштата

Денеска градоначалникот Јовчески во рамките на предновогодишните посети на најмалите основци, со новогодишни пакетчиња ги израдува првачињата од ООУ: „Блаже Конески“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“ и „Добре Јованоски“, и им ги честиташе новогодишните и божиќни празници на сите останати ученици и вработени во истите училишта.