Се организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Прилепец

БР._____________

од _____________ год.

Прилеп

 

Врз основа на член 35 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 oд Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

 

СООПШТЕНИЕ

Се организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Прилепец со разработка на блок 4, КО Прилепец, Општина Прилеп.

 

Опис на планскиот опфат:

С. Прилепец е ридско планинско село во општина Прилеп, која се наоѓа во североисточниот

дел Пелагонискиот регион на надморска висина од околу 890.00 мнв. Селото Прилепец се наоѓа јужно од градот Прилеп опкружено со атарите на село Селце-Прилеп од север, Кокре од исток, Чумово од југ и југозапад и Волково на северозапад. Селото Прилепец во атарот на КО Прилепец е опкружено со месностите Сарика од север, месност Товариште од југ и Воденици од запад. Определената и дадена ситуација на населбата поточно се наоѓа на југозапад од  Прилеп на 12.80 km, а пристапот е преку асфалтен пат и земјан пат. Во с. Прилепец се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп-Битола, клучката кај Ново Лагово и Регионалниот пат Р1107 Прилеп – Витолиште, преку селото Волково, а во селото се влегува од југозапад. Југоисточно од селото поминуваат повеќе долови-суводолици од сливното подрачје на Селечка планина.

Границата на планскиот опфат може да се опише и преку координатите на секоја прекршна

точка, како што следи:

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Прилепец со разработка на блок 4, КО Прилепец, Општина Прилеп, со површина од 11,06 ha, е дефиниран со следните граници:

-На север границата се движи по северната граница на КП 842, се до пресечната точка со КП 488/2, врти кон север и ја сече КП 1, потоа продолжува по северната граница на КП 493, повторно продолжува кон исток и ја сече КП 1, потоа продолжува по северозападната граница на КП 68 И 69, продолжува кон исток и ја сече КП 1, потоа продолжува по северозападната граница на КП 77, 78, потоа врти по источниот дел на КП 78, 79, врти кон исток и ја сече КП 1, продолжува по северната граница на КП 84, продолжува кон југоисток и ја сече КП 1, 846, продолжува по североисточната граница на КП 162, се движи по југоисточната граница на КП 164, КП 170, КП 169, продолжува по североисточната граница на КП 168, по источната граница на КП 167, ја сече КП 240, продолжува по источната граница на КП 239, 238, ја сече КП 241, продолжува по источната страна на КП 236, потоа по јужната граница на КП 235, КП 234, КП 230, КП 226, па врти по западната граница на КП 226, потоа продолжува по јужната граница и по југозападната граница на КП 222, продолжува кон запад и ја сече КП 846, продолжува по јужната граница и југозападната на КП 684/2, по југоисточната граница на КП 671, ја сече КП 670, потоа продолжува по југозападната граница на КП 670, продолжува во исти правец и ја сече КП 668, продолжува по југозападната граница на КП 669, се движи по јужната граница на КП 549/2, врти кон север и ја сече КП 549/2, се движи по западната граница на КП 503, врти и се движи по југозападната граница на 471 во должина од 84,58 М, врти кон север и ја сече КП 471, се до почетната точка на границата на опфатот.

За конкретниот плански опфат, претходно изработената урбанистичко планска

документација е на ниво на Општ акт, изработен во 1998 год. одобрен со Одлука заведена

под бр. 07-893/1 од 17.07.1998 год. но истиот не е во важност.

Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистички план за село Прилепец со разработка на блок 4, КО Прилепец, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, понеделник во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Градоначалник  на Општина Прилеп

Борче Јовчески