Реконструирана водоводната мрежа на ул. „Борка Влачарот“

Денес заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на уште една улица односно на ул „Борка Влачарот“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Борка Влачарот“ старата азбестна водоводна линија од DN80, е заменета со нова линија полиетилен DN90 во должина од 215,5 метри.
Со оваа реконструкција 12 домаќинства од улицата „Борка Влачарот“ се ослободија од старите дотраени азбестни линии, а им се дадени куќни приклучоци со должина од 110 метри.