Првото бебе во новата 2023 година во Прилеп е женско

Во 04:00 часот после полноќ во новата година во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески” во Прилеп, се роди женско дете, второ дете на мајката, Емилија Златеска.

Градоначалникот Борче Јовчески, денеска ги посети мајката и бебето, и во името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето и мајката. Тој им ја честиташе радоста на родителите и им посака, да имаат многу радосни моменти со новиот член, љубов и среќа во нивното семејство.
Градоначалникот Јовчески, при оваа прилика и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници и им посака оваа нова 2023 година да им биде побериќетна, посреќна , поуспешна исполнета со многу здравје и просперитет.
Синоќа, градоначалникот упати честитка за подобра и поуспешна ова 2023 година до сите граѓани на Општина Прилеп, од плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде прилепчани заедно ја дочекаа новата година, со богата музичка програма и огномет.

Традиционално на највеселата ноќ од годинава, градоначалникот ги посети и службите кои вообичаено работат и за новогодишната ноќ: дежурната екипа на ТППЕ -Прилеп, Итната медицинска помош, полициските службеници во ПС – Прилеп и дежурната екипа на Железничката станица -Прилеп, а претходно во текот на денот ја посети и Касарната и дежурните војници и офицери во Прилеп и на сите притоа им ги честиташ новогодишните празници.