СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на проект за фотонапонски централи

Бр. 10-21/1
од 04.01.2023 година
Врска бр. 10-1925/1
од 19.07.2022 година

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објекти со намена сончеви електрани – фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904,
КО Варош, Општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објекти со намена сончеви електрани – фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, Општина Прилеп, со Технички број: 47/2021 изработен од Трговско друштво за градежништво, промет и услуги „ГЕНИКО“ увоз-извоз ДОО Прилеп.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објекти со намена сончеви електрани – фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, Општина Прилеп, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објекти со намена сончеви електрани – фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, Општина Прилеп, со бр. Y19421 и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 1469/2021 од 12.10.2021 год.
Проектниот опфат е дефиниран со граница која претставува затворена полигонална линија. Опфатот го сочинуваат четири катастарски парцели КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, Општина Прилеп, и границата на проектниот опфат оди по границата на катастарските парцели. Координатите на прекршните точки кои ја дефинираат границата на проектниот опфат се дадени во следната табела:

Вака формираниот проектен опфат има вкупна површина од 3,3 ха.

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објекти со намена сончеви електрани – фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, Општина Прилеп, со Технички број: 47/2021 изработен од Трговско друштво за градежништво, промет и услуги „ГЕНИКО“ увоз-извоз ДОО Прилеп ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 05.01.2023 до 19.01.2023 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК
На Општина Прилеп
Борче Јовчески

____________________

 

 

UP soncevi kolektori Green medikal

Анкетен лист за ЈА и ЈП

Соопштение за јавен увид УП

Соопштение за јавен увид УП