Новогодишна програма на плоштад за заеднички дочек на 2023 година

И, оваа година прилепчани можат да ја дочекаат Новата година заедно, на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“. Локалната самоуправа на Општина Прилеп ветува одлична забава за дочекот на Новата 2023 година.


Забавата започнува со детска дневна програма на 31 декември, во 11:00 часот со театарската претстава за деца „Дружината на Снешко Белчо“ , а потоа сите ќе играат и пеат со песните од детскиот фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“.

Вечерната, новогодишна програма ќе започне во 21:30 часот со настапот на прилепскиот DJ, Dejan Pete, во 22:30 на бината ќе се појават членовите на групата „Балканика“, а 23:30 е настапот на прилепскиот рок бенд „The Hounds“.
Новата година ќе биде дочекана со огномет, а свое обраќање точно на полноќ, ќе има градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кои ќе упати честититки до своите сограѓани по повод новогодишните празници.

За време на новогодишната ноќ, градоначалникот на Прилеп ќе ги посети и дежурните служби, кои ноќта остануваат на своите работни места во служба на граѓаните: ТППЕ – Прилеп, службата за Итна Помош при ЈЗУ „Борка Талески“–Прилеп и полициската станица –Прилеп.