Прва форумска сесија на проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците“

Во рамките на проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците“ кој го реализираат Општина Прилеп и УНДП со поодршка од ЕУ, денес започна циклусот на форумски сесии на кои што се дискутираше за приоритетни проблеми кои ги засегаат повратниците и од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог проекти учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните кои ќе конкурираат за реализација од фондови обезбедени од УНДП.
На првата форумска сесија учесниците имаа можност да се запознаат со форумскиот процес и да предлагаат решенија поврзани со системите за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците.
На денешната форумска сесија имаше претставници од: Општинската администрација, НВО, образованите институции, агенции за вработување, центри за социјална работа, приватни даватели на образование, деловни сектори и Роми граѓани/повратници.
За втората сесија предвидено е да се презентираат концепти за предлог проекти произлезени од првата сесија и развиени во работата меѓу сесиите и да се изберат приоритетни концепти за предлог проекти и препораки чија имплементација ќе биде финансирана од проектниот фонд.