Проект „Означување на културни и природни знаменитости во руралните средини во Пелагонискиот регион“

Во Општина Прилеп во тек е имплементацијата на проектот „Означување на културни и природни знаменитости во руралните средини во Пелагонискиот регион“кој се реализира преку Центарот за развој на Пелаонискиот плански регион во партнерство со Општина Прилеп. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјодејството и руралниот развој(АФПЗРР).

Во изминатите денови поставени се 36 патоказни знаци за означување на природни и културни знаменитости во руралните подрачја на Општина Прилеп. Следува поставување на 75 информативни табли за означување на природни и културни знаменитости во рурални средини.