Посета на домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“

Градоначалникот Борче Јовчески денеска беше во посета на старскиот дом во Прилеп.

Од страна на директорот, беше запознат за ситуацијата со корисниците и состојбата во домот како и за реконструкцијата на таваните и поставувањето на амбиентални светла во старскиот дом, која што акција била спроведена како што посочи во соработка со Здружението „Лаг Агро Лидер“ и екипите на „ЕВН“ . Раководството на старскиот дом се заблагодари на соработниците и сите вклучени во оваа реконструкција.

Градоначалникот ја искористи оваа прилика да им ги честита новогодишните и божиќни празници на сите присутни и истакна дека и корисниците и одговорните лица во домот ја имаат максимално неговата поддршка и се надева на многу заеднички проекти во иднина, со што ќе се разубави нивниот престој и ќе се зголемат нивните удобности во домот за стари лица.