Увид на работна активност на ЈКП „Комуналец“ од градоначалникот Јовчески

Тимовите на Комуналец ја чистеа запоставената пешачка патека и скалишниот простор кои водат покрај Градскиот стадион до Градската болница. Градоначалникот Борче Јовчески денес ја посети оваа активност и ги поздрави ангажираните лица кои што напоменаа дека вакви активности ќе продолжат и во наредниот период секаде каде што има диви ѓубришта и дека тие ќе бидат соодветно исчистени.