По повод Меѓународниот ден на Ромите, наградени се седум најдобри ученици Роми од ОУ „Добре Јованоски“

Градоначалникот Илија Јованоски денеска им врачи дипломи и вредносни
ваучери од по 2000 денари на седум најдобри ученици од ромска
националност од ОУ „Добре Јованоски“ од Прилеп.

Феиме Османоска и Анел Османоски од 5 одделение, Санџана Мефаилоска
од 6 одделение, Едис Еминоски од 7 одделение, Самира Реџепоска од 8
одделение и Давид Салиоски и Инџи Мафаилоска од 9 одделение се
најдобрите основци во ова училиште. Тие имаат одличен успех по сите
предмети и посебно се истакнуваат со свои знаења и желба за нови знаења.

Овие ученици со своите родители денеска беа на средба кај градоначланикот
Јованоски, по повод Меѓународниот ден на Ромите.