Општина Прилеп ги утврдува точните ресурси и потребите на граѓаните и во населените места

Во рамките на активностите за изработка на алатката „урбана ревизија“ од Светска банка, на претставниците на урбаните и месните заедници им се презентирани бенефитите од овој проект. Целта е преку анкетен прашалник да се идентификуваат од една страна ресурсите со кои располагаат сите населени места во општината,а од друга страна да се утврдат потребите на граѓаните за основните општински услуги.

„Со овој процес ќе се направи опсежен преглед на можностите и потребите на граѓаните и ќе се дефинира рамка за нивна реализација согласно со дефинираните приоритети“, вели Ѕвонко Јованоски, од Општина Прилеп кој што ја координира соработката на релација Општина Прилеп-месни и урбани заедници.

„По обработката на пристигнатите информации од страна на месните и урбаните заедници, ќе следи процес на обработка на податоците од страна на Одделението за локален економски развој, кои понатаму ќе се преточат во нацрт-план што пак ќе биде водич за Општината, при подготовка на апликации за грантови или поволни кредити финансирани од Светска банка и други донатори“, објаснува Борче Јанкулоски, од Одделот за ЛЕР,којшто е имплементатор на активноста.

На средбата со урбаните и месни заедници се разговараше и за тековните проблеми на граѓаните, за кои може да се интервенира во најбрз рок, како и начинот за воспоставување на динамика за активна соработка со Општината.