Општина Прилеп и Општина Кривогаштани, согласно член 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр.68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13 и 42/14112/14, 166/14, 44/15, 124/15, 129/15 ,37/16, 4/18) и согласно Спогодбата за заедничко организирање на линискиот превоз на патници помеѓу општина Прилеп и општина Кривогаштанброј 03-2795/1 од 20.11.2013 и 03-2741/1 од 10.12.2015 година за општина Прилеп и 08-1493/1 од 19.11.2013 и 03-2529/4 од 10.12.2015 година за општина Кривогаштани, објавуваат Оглас за одобрување на возни редови за меѓуопштински линии помеѓу општина Прилеп и oпштина Кривогаштани за линиите: Прилеп- Воѓани и Прилеп-Пашино Рувци.
Барањето за одобрување на возен ред се поднесува до општината каде што има седиште превозникот барател на лиценца, заклучно до 25.12.2019 година до 10 часот, во затворен плик, препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на Општината.
Составен дел на овој оглас е прилог 1 во кој се наведени пакет на поаѓања за линијата Прилеп-Воѓани и пакет 1 на линии за поаѓања за линијата Прилеп-Пашино Рувци преку Галичани, кадино Село и Боротино, кои се објавени на ВЕБ страните на општините Прилеп и Кривогаштани
- Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозволи за вршење на линиски превоз на патници:
- да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има приоритетна дејност/главна приходна шифра: 49.39 или 49.31.
- да поседува важечка лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај издадена од општина Кривогаштани или општина Прилеп како и изводи од лиценцата за сите возила коишто ги поседува,
- За пакет 1 од линијата Прилеп-Воѓани, да е сопственик на минимум две возила регистрирано на името на фирмата кое ќе ги исполнува следниве услови:
- Капацитет на седишта: најмалку две возила со капацитет од најмалку 18+1 седишта
- Да ги исполнуваат посебно техничко-експлоатационите услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз
- За пакет 2 од линијата Прилеп-Воѓани, да е сопственик на минимум едно возило регистрирано на името на фирмата кое ќе ги исполнува следниве услови:
- Капацитет на седишта: најмалку едно возило со капацитет од најмалку 18+1 седишта
- Да ги исполнуваат посебно техничко-експлоатационите услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз
- За пакет 1 од линијата Прилеп-Пашино Рувци, да поседува најмалку 2 возила со капацитет од најмалку 8+1 седишта со кои ќе може да ги одржува линиите за кои конкурира и кои ги исполнуваат посебно техничко-експлоатационите услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз.
1.6 Да има вработено во редовен работен однос возачи за секое возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата ,
1,7 Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност издаден од Министерството за транспорт и врски,
1,8 Да има добар углед односно против управителот на фирмата и против правното лице да не е изречена правосилна суска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во сообраќајот, изречена прекршочна мерка за безбедност – забрана за вршење професија, дејност или должност.
- Критериуми за доделување на пакети наведени во Јавниот оглас:
- Пакетите на линии на релацијата Прилеп-Воѓани и нови линии на реацијата Прилеп –Пашино Рувци ќе им бидат доделен на оние правни субјекти, учесници на јавниот оглас кои што до денот на објавување на јавниот повик во целост ги исполниле сите услови од јавниот оглас за конкректниот пакет на линии за кој конкурираат.
- Доколку на огласот учествува правен субјект кој во моментот поседува дозвола за превоз на патници на важечки линии на релацијата Прилеп-Воѓани, потребно е да ги исполнува условите од овој оглас без да се нарушат условите и критериумите под кои ја добил постоечката дозволата за превоз и постоечкиот заверен возен ред, односно потребно е да поседува повеќе возила соодветно на пакетот на линии за кој конкурира.
- Доколку се утврдат повеќе превозници кои конкурираат за исти линии и ги исполнуваат условите од огласот, предност ќе има превозникот кој прв поднесол барање за одобрување на возен ред на новапакет на линии.
- Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за линиски превоз:
Понудата за добивање на дозвола треба да содржи:
- полн назив, седиште и адреса на превозникот,
- матичен број и даночен број на превозникот,
- кон барањето превозникот ги приложува следните документи како доказ за исполнување на условите од овој јавен оглас за одобрување на возен ред и тоа:
- тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 3 месеци,
- копие од лиценца за општински линиски превоз како и изводи од лиценца за секое возило, издадени од општина Кривогаштани или од општина Прилеп,
- број на возила со кои располага превозникот, копија од сообраќајните дозволи на возилата и потврди за техничко – експлоатациони услови за секое возило,
- број на вработени возачи во редовен работен однос во зависност од бројот на возилата со кои ќе го врши превозот, минимум еден возач по возило (фотокопија од обрасците М1/М2 и потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за платени придонеси не постара од три месеци)
- предлог за кој пакет на линии се однесува барањето.
– Превозниците кои поседуваат важечка дозвола за превоз на патници и заверен возен ред да достават копија од истите, како и копија од изводот од лиценцата за превоз за сите возила од пакетот на возни линии кои им се доделени. Документацијата е потребна со цел да се утврди задоволување на условот од огласот за поседување на поголем број на возила(соодветно на пакетот на линии за кој се конкурира) од потребните кои мора да ги поседуваат заради одржување на линиите за кои има важечки дозволи. - Барањето треба да биде потпишано и заверено од законскиот застапник на превозникот.
Барањата за одобрување возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии ги разгледува Комисија составена од 4 (четири) члена и тоа 2 члена од Oпштина Прилеп и 2 (два) члена од Општина Кривогаштани.
Комисијата во рок од 30 дена по завршувањето на огласот за својата работа поднесува извештај и предлог на листа на одобрени, односно одбиени барања до Градоначалниците на Општините.
Врз основа на одобрените листи Градоначалникот во зависност од седиштето на регистрираното правно лице, односно адресата на превозникот во рок од 15 дена донесува решенија со кое возниот ред на линијата се одобрува или одбива.
Примерок од решенијата се доставува до превозникот.
Против решението на Градоначалникот од овој член превозникот има право на жалба во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на решението до Министерот за транспорт и врски.
Контакт лицa: Златко Петрески 076 451 190, Даниела Крстеска 070 404 160
ОПШТИНА ПРИЛЕП ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ
Градоначалник Градоначалник
Илија Јованоски Рубинчо Шефтероски
Превземете го огласот и пакетот на поаѓања.