Одржана 16-тата седница на Советот на Општина Прилеп

Членовите на Советот на Општина Прилеп денес ја одржаа 16-тата седница на која расправаа по 20 точки на дневниот ред. Советниците ги одобрија предлог-измените и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година како и Предлог-Одлуката за измени на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година. Исто така советниците дадода согласност за Предлог-Програмата за измени и дополнувања на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп, за 2022 година и за усвојување на оперативниот план за период од 27.09.2022 до 31.12.2022 на Ј.П.Е.Д Енерго Прилеп-Прилеп.

Беа усвоени и Предлог-Одлуките за давање на трајно користење на опрема на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ Прилеп и за давање на трајно користење на опрема (добра), на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, како и Предлог – Одлуката за откажување од корисничко право на Собрание на Општина Прилеп. Со мнозинство гласови беа донесени и Предлог-Одлуките за усвојување на Годишен Извештај за работата на СОУ “Ристе Ристески Ричко”- Прилеп, за учебната 2021/2022 година и Предлог-Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на СОУ “Ристе Ристески Ричко”- Прилеп, за учебната 2022/2023 година. Советниците исто така ги усвоија Предлог-Одлуките за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објекти и тоа на: КП бр.889 КО Прилеп, КП бр.478/2 КО Прилеп, КП бр.3491 и 3492 КО Ореовец, КП бр.163/1 КО Беровци, КП бр.1771 и КП бр.4852 КО Прилеп, КП бр.575/3 КО Лениште, КП бр.4692 КО Прилеп, КП бр.3091 КО Прилеп, КП бр.2988 КО Прилеп и КП бр.135/4 КО Лениште. Со мнозинство гласови беше усвоено и Предлог- Решение за разрешување и именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.