Одбележана 119-годишнината од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

Општина Прилеп денеска ја одбележа 119-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.

Пред споменикот во центарот на градот, свежо цвеќе положи градоначалникот Илија Јованоски, како и членови на Советот на општина Прилеп.

Методија Андонов-Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а починал на 24 јули 1957 година.