Објава на листа на баратели кои го оствариле правото на субвенционирање за купување КЛИМА УРЕДИ-ИНВЕРТЕРИ и купување ВЕЛОСИПЕДИ по Јавниот повик 02/2020

Врз основа на предлогот на Комисиите за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување КЛИМА УРЕДИ-ИНВЕРТЕРИ и купување ВЕЛОСИПЕДИ за 2020 година, а во согласност со точка 5.2. од Јавниот повик 02/2020 и член 4 став 6 од „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уред-инвертери и купување велосипеди за 2020 година“ со број 09-589/29 од 11.02.2020 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2020), Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување КЛИМА УРЕДИ-ИНВЕРТЕРИ и купување ВЕЛОСИПЕДИ за 2020 година.

Листата на одобрени и одбиени барања е објавена на Веб страната на Општина Прилеп (www.prilep.gov.mk) и Oгласна табла на Општина Прилеп.

Листа на одобрени барања – ВЕЛОСИПЕДИ

Листа на одбиени барања – ВЕЛОСИПЕДИ

Листа на одобрени барања – КЛИМА УРЕД-ИНВЕРТЕР

Листа на одбиени барања – КЛИМА УРЕД-ИНВЕРТЕР