Градоначалникот на Општина Прилеп согласно член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) ја издава следната:
О Б Ј А В А
на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.10-2552/1 од 15.12.2023 година.
Подносител на барањето:
Друштво за производство, услуги и трговија КРИН КГ ДОО – Прилеп увоз извоз Беровци Прилеп
Површински коп за гранит локалитет “Лозјанска Река” с. Крушеица, Општина Прилеп
Адреса на локацијата: “Населено место без уличен систем” Беровци, Прилеп
Категорија на инсталација: “Населено место без уличен систем” Беровци, Прилеп“Населено место без уличен систем” Беровци, Прилеп
Прилог 2, Индустрија за минерали,
Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од оваа Уредба
Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден во работно време
Секторот за Урбанизам комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на Општина Прилеп.
Општина Прилеп Градоначалник Борче Јовчески