Во Собраниската сала на Општина Прилеп се одржа работилница за подобро спроведување на Законот за проширена одговорност на производителот

На работилницата присуствуваа Претседателот на совет на Општина Прилеп – Ирена Стерјовска Локвенец, Бојана Станаојовска Пецуровска – претставник од SALAR Internacional, претставници од фирми од Прилеп кои што произведуваат текстилни производи, вработени од Општина Прилеп, претставници од ЈКП Комуналец, од ЈКП од Кичево, од ЈКП Битола и претставници од Општина Битола, Општина Охрид и Општина Кичево.


На работилницата од страна на Овластениот инспектор за животна средина на Општина Прилеп – М-р Цветанка Николоска беа презентирани обврските за проширен одговорност кои произлегуваат за производителите кои на пазарот пуштаат производи со чија употреба се создава отпад кој припаѓа на посебните тeкови на отпад согласно Законот за проширена одговорност на производителот и Законот за дополнителни текови на отпад, со посебен акцент на текстилниот отпад.
Управителот на колективниот постапувач Тексомак – Евгенија Најдоска ги запознаа присутните со колективниот постапувач Тексомак, како функционира колективниот постапувач и со обврските кои ги имаат производителите на текстилни производи.

На настанот претставниците од другите општини беа запознати со начинот на кој Општина Прилеп го организира постапувањето со текстилен отпад и беа информирани за спроведената еколошка акција за собирање на текстилен отпад која во нашиот град се одржа на 05.10.2024г