О Б Ј А В А на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

0

Градоначалникот на Општина Прилеп согласно  член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 , 89/22 и 171/22,3/25 и 124/25) ја издава следната:

 

О Б Ј А В А

на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

 

Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 , 89/22,171/22, 3/25 и 124/25), до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.10-2647/1  од 30.10.2025 година.

 

Подносител на барањето:

Друштво за производство, трговија и консалтинг ЕЛЕКТРО ДЕВЕТ увоз-извоз ДОО Прилеп, површински коп за оникс и травертин локалитет “Рамна Шума” с.Бешиште, Општина Прилеп                                                                 Адреса:  ул. “Крушевски пат” бб Прилеп

 

Категорија на инсталација:

Прилог 2,

Точка 3 – Индустрија на минерали, Подточка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1, (Сл.весник на РМ 89/05).

Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:

Општина Прилеп

Ул.Прилепски бранители  бр.1

Секој работен ден во работно време

Секторот за Урбанизам комунални работи и заштита на животна средина

 

Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на Општина Прилеп.

 

 

Општина Прилеп

 Градоначалник

Дејан Проданоски

Општина Прилеп објавува Нацрт Б-ИЕД

10-1410-4 Нацрт БИЕД дозвола – ЕЛЕКТРО ДЕВЕТ