Градоначалникот на Општина Прилеп согласно член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 , 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25) ја издава следната:
О Б Ј А В А
на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25) до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.10-2999/1 од 24.12.2025 година.
Подносител на барањето:
Друштво за производство, трговија и услуги БАЛКАН МАРБЛЕ ИНДУСТРИЕС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, Подружница-Рудник за украсен камен-мермер БМИ с.Вепрчани
Површински коп за мермер локалитет “Вепрчани-1” с. Вепрчани, Општина Прилеп
Со седиште на ул.“Стив Наумов”– бр.3 вл.2, кат5/88 Скопје Чаир
Категорија на инсталација:
Прилог 2, Индустрија за минерали,
Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од оваа Уредба
Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден во работно време
Секторот за Урбанизам комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на Општина Прилеп.
Општина Прилеп
Градоначалник
Дејан Проданоски

