Краците на улиците „Фрушка Гора“ добија асфалт

Општина Прилеп интензивно ги користи добрите временски услови за
успешно реализирање на комуналната програма предвидена за оваа година.
Комунално се уредуваат краците на улиците кај Фрушка Гора, над Автомото
сојузот на Македонија.

„Се наоѓаме на улицата ‘Фрушка Гора’ каде се врши асфалтирање на
делот од обиколницата на 3.000 м2. Останува уште многу мал дел да биде
доасфалтиран, но тоа зависи од временските услови. Откако овој дел ќе го
завршиме ќе добиеме една целина под асфалт“, изјави Благоја Богоески,
надзор над градежните активности на улиците во Општина Прилеп.

Во зависност од временските услови, наредните недели, ќе продолжат
градежните активности на терен, со цел целосно исполнување на
предвидените активности во комуналната програма на Општина Прилеп за
2018 година и уредување на што поголем број улици во градот.