Асфалтирани повеќе краци на улицата „Кај Ножот“

Во рамките на интензивните градежни активности за реконструкција на улиците
во Прилеп, асфалтирани се и повеќе краци од улицата „Кај Ножот“.

„Се наоѓаме на улицата „Кај Ножот“ каде што е извршено комплетно
асфалтирање.  Краците од оваа улица беа во лоша состојба. Должината на
новиот слој асфалт на овие краци изнесува околу 2.950 метри квадратни. Со
оваа интервенција веќе добиваме уредени улици“, изјави Благоја Богоески,
задолжен за надзор врз градежните активности.

Според Богоески продолжуваат и понатаму градежните активности што се дел
од комуналната општинска програма, во зависност од временските услови. Во
оваа сезона Општина Прилеп асфалтираше и целосно уредени речиси 40
улици во сите делови од градот.

Во повеќе населби се изградени се асфалтирани улици,врз кои што немало
никаква интервенција повеќе од 3 децении. Граѓаните се задоволни од
реализацијата, а во Општината Прилеп секојдневно стигнуваат нови предлози
и реакции за други улици,коишто биле оставени на забот на времето со години.

Градоначалникот Илија Јованоски најави дека до крајот на следната 2019
година, Прилеп ќе биде инфраструктурно целосно урбанизиран.

„Прилеп ќе биде град без кал следната година. Тоа е мое изборно ветување и
ќе биде остварено.Современи прописно изградени сообраќајници се обврска на
секоја локална власт во 21 век“, порачува градоначалникот Јованоски.