Јавна презентација и јавна анкета

Се организира јавна анкета и јавна презентација  на Локална урбанистичко-планска документација за изградба на објекти со класа на намена Е2-комунална супраструктура за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (фотоволтаични панели) на КП 148/1, 148/8 и 150/1, КО Старо Лагово, Општина Прилеп . Проектниот опфат е дефиниран со полигонална гранична линија, која се поклопува со надворешните граници на постојната градежна парцела .

Вкупната површина на новоформираната градежна парцела е 48017,56м 2 .

Јавната анкета и јавната презентација на Локална урбанистичко-планска документација за изградба на објекти со класа на намена Е2-комунална супраструктура за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (фотоволтаични панели) на КП 148/1, 148/8 и 150/1, КО Старо Лагово, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и на интернет страната на општината www.prilep.gov.mk. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 03.04.2019 до 09.04.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 09.04.2019г. во 13:30 часот во просториите на Општина Прилеп.

Соопштение

План