Се организира јавна анкета и јавна презентација на Локална урбанистичко-планска документација за изградба на градби со намена А1 – Домување во станбени куќи на К.П. 2984/1, м.в. Гладен Камен, К.О. Присад, Oпштина Прилеп. Проектниот опфат е дефиниран со полигонална гранична линија, која се поклопува со надворешните граници на постојната градежна парцела .
Вкупната површина на новоформираната градежна парцела е 11514м 2 .
Јавната анкета и јавната презентација на Локална урбанистичко-планска документација за изградба на градби со намена А1 – Домување во станбени куќи на К.П. 2984/1, м.в. Гладен Камен, К.О. Присад, Oпштина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и на интернет страната на општината www.prilep.gov.mk. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 03.04.2019 до 09.04.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 09.04.2019г. во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.