Јавна презентација и јавна анкета

Се организира јавна анкета и јавна презентација на ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА За КОМПЛЕКС ЗА ГРУПНО ДОМУВАЊЕ, СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕСТОЈ НА СТАРИ ЛИЦА – А3 во месност Трска к.о. Беровци, на к.п. 1045, 1046, 1047, ОПШТИНА ПРИЛЕП. Проектниот опфат е дефиниран со полигонална гранична линија, која се поклопува со надворешните граници на постојната градежна парцела .

Вкупната површина на новоформираната градежна парцела е 11 139.11м 2 .

Јавната анкета и јавната презентација на ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА За КОМПЛЕКС ЗА ГРУПНО ДОМУВАЊЕ, СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕСТОЈ НА СТАРИ ЛИЦА – А3 во месност Трска к.о. Беровци, на к.п. 1045, 1046, 1047, ОПШТИНА ПРИЛЕП, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и на интернет страната на општината www.prilep.gov.mk. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 03.09.2019 до 10.09.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.09.2019г. во 14:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Превземања: СООПШТЕНИЕ | ПЛАН

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Илија Јованоски