Повторна јавна презентација и јавна анкета

Се организира повторна јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село Канатларци, КО Канатларци, Општина Прилеп.

Границата на планскиот опфат на УПС Канатларци е лоцирана и се наоѓа јужно од градот Прилеп на оддалеченост од ~23км., од истиот. Локацијата е поставена на рамничарски терен со надморската височина која е во распон од 610 – 640m. Западно од селото е регионалниот пат Р1101 (Р106-стара ознака).

Планскиот опфат, има површина од 89,20ха и лежи на територијата која како крајни точки ги има следните координати:

ПОВРШИНА: 892001.0541m² , ПЕРИМЕТАР: 5906.4195m’

Источна х-7543227.5600, у-4563077.7400

Северна х-7542742.9600, у-7542742.9600

Западна х-7542006.8500, у-4562827.7500

Јужна     х-7542461.7679, у-4562340.4287

Повторната Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Урбанистички план за село Канатларци, КО Канатларци, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Повторната Јавна анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 03.09.2019г. до 10.09.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Повторната Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.09.2019 година во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Превземања: СООПШТЕНИЕ | ПЛАН

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Илија Јованоски