Јавна објава

Бр.10-1556/2 од 11.02.2021год.

Согласно член 84 од Законот за општа управна постапка (Сл.Весник на РСМ бр.124/2015), Градоначалникот на Општина Прилеп ја дава следната :

ЈАВНА ОБЈАВА

Се објавува дека Градоначалникот на Општина Прилеп издаде известување до лицето Стојаноски Трајче од Прилеп, за покренување на постапка бр. 10-1556/1 од 22.09.2020 за издавање на Одобрение за отстранување на објект склон на паѓање кој се наоѓа на ул..Пиринска.. бр.2, и тоа објектот – зграда бр.1 на КП бр. 10846 КО Прилеп, сопственост на лицето: Стојановски Трајче, утврдено од имотен лист бр.9557 АКН ПЕ Прилеп
Од причина што на овој орган не му е познато живеалиштето на лицето Стојаноски Трајче од Прилеп, истиот се повикува во рок од 10 дена од денот на оваа објава, да се јави во приемно одделение на Општина Прилеп (нова зграда), со цел да го прими известувањето за покренување на постапка за издавање на Одобрение за отстранување на објект склон на паѓање.

Оваа објава се смета за уредна достава , и негативните последици кои можат да настанат поради не обраќање до овој орган по истата , ги сносат самите странки.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп

Илија Јованоски