Jавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

 

Врз основа на член 35, став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира повторна јавна презентација и јавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 7, БЛОК 7.4, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 7.4.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:
Опфатот се наоѓа во централниот дел од градежниот реон во Прилеп и истиот се граничи со југозапад и запад со осовина на ул. „Ордан Чопела“ и ул. „Ристе Ристески Ричко“, од северозапад со речното корито на река „Ореовечка“, од североисток со ул. „Борка Талески“, а од југоисток со ул. „Александар Македонски“. Во рамките на четврт 4, блок 7.4, поточно 7.4.1 го зафаќа југоисточниот дел. Опфатот е со просечна надморска висина од ~ 650 м, со благ пад кон југозапад и запад од околу 1% што е поволно за решавање на комунална инфраструктура. Поточно највисоката висинска кота е на североисточната страна на самата раскрсница со 652,86 м, на спојот на ул. „Борка Талески“ со ул. „Александар Македонски“, додека најниската е на 650,36 м, која е на прекршувањето на ул. „Ристе Ристески Ричко“ која продолжува северозападно кон спојот со ул. „Кеј 9-ти Септември“, односно коритото на река „Ореовечка“. Опфатот е со трапезна испрекршена форма, такашто од северозападната страна опфатот по должина на коритото од река „Ореовечка“ е со должина од 148,32 м, од североисточна страна по ул. „Борка Талески“ е со должина од 194,58 м, од југоисточна страна по ул. „Александар Македонски“ е со должина од 107,05 м, додека од југозападна и од западна страна по ул. „Ордан Чопела“ и по ул. „Ристе Ристески Ричко“ е со должина од 290,14 м. Вака дефинираниот опфат има површина од 31847,60 м2, односно 3,184 ха, кој е потврден и со податокот од Изводот од Регулациски План.

Основната намена на земјиштето кое е предмет на обработка на овој ДУП како и според РП на ГУП-от на град Прилеп за блок 7.4, е домување односно домување во станбени куќи и домување во станбени згради, но исто така предвидени се и други класи на намена на дел од земјиштето и тоа: јавни институции – верски институции, зеленило и инфраструктура.
Предвидените намени на земјиштето се во функција на обезбедување на поголема флексибилност на просторот, што значи во рамките на планскиот опфат постои можност да се предвиди земјиште кое ќе биде флексибилно по својата намена (одредени парцели да може да бидат наменети за А1 и А2), но во согласност со основната намена „А“ – Домување. Исто така со планскиот опфат се предвидени и „Е“ – инфраструктура т.е. „Е1“ комунална инфраструктура, „Е2“ комунална супраструктура (трафостаница), како и „Д“ – зеленило, односно спорт и рекреација – „Д3“.
Повторната јавна анкета и јавната презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 7, БЛОК 7.4, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 7.4.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Конечниот Предлог План во просториите на Општина Прилеп.

Повторната јавна анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 10.11.2022 година до 23.11.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Повторната јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 18.11.2022 година, петок, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески

 

__________________

ДУП за четврт 7 блок 7.4 бдп 7.4.1 конечен корeгиран (1)

Одлука ЈА и ЈП 7.4.1

Соопштение ЈА и ЈП 7.4.1