Јакимовска: Ќе продолжиме да помагаме како бизнис сектор, секаде каде што е потребно

„Во името на Регионалната канцеларија на Стопанската комора, се заблагодарувам на сите компании коишто го поддржаа и партиципираат на овој прекрасен настан. Не само што правиме нешто добро, туку како што гледате, колективната свест и општото задоволство се очигледни. Ја користам приликата да им се заблагодарам и на сите вработени во ‘Комфи Ангел’, и да кажам дека сум горда на нив,за нивниот одзив и партиципирање. Во моментов 480 вработени се вклучени во трката. Секоја чест, ме прават горда, на она што тие можат и знаат да го направат. Во иднина, стопанството со невладиниот сектор ќе ја продолжиме соработката, ќе помагаме на оние на кои што им е неопходна помош“, порача Ирена Јакимовска, претседателка на Регионалната стопанска комора-Прилеп и сопственичка на конфекцијата „Комфи Ангел“.