Хафинетс: Среќен сум што 350 вработени во Гентерм ја поддржаа трката!

„Среќен сум што сум дел од оваа хуманитарна трка. Како компанија, имаме приоритет да се грижиме за децата и болните луѓе. Ова е нашата прва, но сигурно не и последна иницијатива и имаме намера да продолжиме во истиот правец. Сакам да им се заблагодарам на Општина Прилеп и на градоначалникот што овозможија еден ваков настан и што беа негови домаќини. Исто така, сакам да им се заблагодарам на локалните јавни претпријатија, на генералниот менаџер на „Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска. Драго ми е што има голем број учесници и што една обична идеја, прерасна во прекрасен настан. Особено сум среќен што ни се придружија нашите вработени, што ја прифатија иницијативата и дојдоа во голем број, мислам дека ги има повеќе од 350 вработени. Горд сум на нив, горд сум на нашата компанија и сигурен сум дека ова нема да биде последна иницијатива“, изјави Андреј Хафинетс, генерален менаџер на „Гентерм Македонија“.