Јованоски: Денеска прилепчани за прв пат заедно со хуманитарна трка помагаат за своите сограѓани со церебрална парализа!

„Денеска Општина Прилеп заедно со компаниите „Комфи Ангел“ и „Гентерм“, впрочем сите компании од Стопанската комора на Прилеп, како општествено одговорни фирми, заедно организираме една рекреативна трка низ улиците на Прилеп, за прв пат во хуманитарна акција. Заедно со Општина Прилеп бизнис секторот се вклучува во организацијата на оваа трка. Имено станува збор за помош на лицата со церебрална парализа, за помош на Центарот со церебрална парализа. Денеска овде се преку 1000 граѓани, кои што покажаа дека се хумани луѓе, тие донираат по 100 денари. Оваа помош им е потребната на дечињата што боледуваат од церебрална парализа. Впрочем вечерва сите учесници се и победеници на оваа трка, која што се надевам дека ќе прерасне во традиционална“, порача градоначалникот Илија  Јованоски,вечерва пред почеток на хуманитарната трка.