Известување за исправност на вода за пиење

Предмет: Известување

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место локален водоснабдителен систем с.Канатларци – бензиска одговара за употреба, додека водата од мерно место л.в.с. Ерековци – двор – не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Водата мора редовно да се хлорира.

Општина Прилеп

Известување за техничка исправност на вода за пиење – Општина Прилеп 30.10.2025