Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 17 јуни

  • Денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а не се регистрирани нови случаи на оздравени пациенти;
  • Бројот на активни случаи изнесува 19, од кои 12 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекување;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус;
  • Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.