Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 16 јуни

  • Денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а од болеста оздравеле двајца пациенти. Од Центарот за јавно здравје информираат дека два случаи позитивни на КОВИД-19, се регистрирани во општина Крушево;
  • Бројот на активни случаи изнесува 20, од кои 13 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекување;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус;
  • Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.