Информација за доделени средства на Општина Прилеп преку проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта“ кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка преку заемот на Светска банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, со одлука на Владата на РС Македонија за Општина Прилеп се алоцирани финансиски средства во вкупен износ од 1.257.223,42 евра.

Во рамките на овој проект во првата фаза Општина Прилеп ќе го реализира проектот Реконструкција – рехабилитација на дел од улица „Мице Козар“ со вкупна должина од 276,37м.

Трасата започнува од пред т.н. “Центар за обуки” и завршува кај вкрсувањето со ул. ”Васко Карангелески”. Со реализација на овој проект ќе се добие целосно реконструирана – рехабилитирана сообраќајница и ќе се подобрат сообраќајните и безбедносните карактеристики, односно ќе се овозможи ефикасно и безбедно одвивање на сообраќајот.

Дополнително, од страна на Општина Прилеп до „Проектот за поврзување на локални патишта“ е поднесена апликација за Реконструкција на улица „Леце Котески“. Предметната траса на улицата „Леце Котески“ започнува од вкрстувањето со улицата „Трајко Николоски“ и е со вкупна должина од 2.128,56 м.

Преку редовни информации кои ќе се објавуваат на општинскиот веб сајт и социјалните мрежи граѓаните ќе бидат навремено информирани за сите тековни активности во врска со реализацијата на овој проект.